Русија: Осум лица загинаа во пожар во Центар за одвикнување од дрога

Осум лица загинаа, а шестмина се повредени во пожар кој утринава го зафати Центарот за одвикнување на зависници во регионот Алтај на истокот на Русија, изјавија руски официјални лица.

За време на пожарот се срушил покривот на зградата во центарот „Христ лист“ недалеку од езерото Красилово.

Покрeната е кривична истрага, бидејќи постои сомневање за непочитување на безбедносниtе процедури и прописи.