Русија побара 72-часовен прекин на огнот во Сирија

– За да се стабилизира ситуацијата, Рускиот центар за помирување побара прекин на огнот во траење од 72 часа во Гота и Дараја, изјави шефот на рускиот координативен центар во Сирија, Сергеј Кураленко.

Тој повторно ги повика бунтовниците да се повлечат од подрачјата под контрола на Фронтот Ал-Нусра и да се одвојат од џихадистите, додавајќи дека Русија ќе продолжи со нападите врз екстремистите.

Повикувајќи се на податоци од руските и сириските разузнавачки служби, Кураленко истакна дека бунтовниците и џихадистите на Фронтот Ал-Нусра во источниот дел на Гота, во предградие на Дамаск, се прегрупирале и повторно се вооружиле, подготвувајќи се за нова офанзива.

Повикот за прекин на огнот следи откако Вашингтон побара од Москва „да изврши притисок врз Сирија за да се прекине бомбардирањето на опозициските сили и цивилите во Алепо и предградието на Дамаск“.