Русија подготвува колонизација на Месечината

Веќе од 2030-та година Русија подготвува планови за колонизација на Месечината.

Предвидена е изградба на полигон и база за минерални ископувања на површината на земјиниот природен сателит.

Пред еден месец, рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин во авторски текст во „Росискаја газета“ најави дека „стартешките задачи на Русија за освојување на вселенското пространство“, вклучуваат и  засилено руско присуство во орбитата на Земјата, колонизација на Месечината и почеток на „освојувањето на Марс и на други објекти во Сончевиот систем“.

Весникот „Известија“ наведува дека со планот на Роскосмос не е исклучена можноста во населувањето на Месечината да се вклучат и приватни инвеститори.