Русија поднесе нацрт-резолуција до Советот на безбедност на ОН

Русија поднесе денеска во Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција во поддршка на Минските договори за Украина, во која се повикуваат сите страни во украинскиот конфликт да ги почитуваат.

Дипломати од ОН соопштија дека Советот ќе заседава во недела за гласање на резолуцијата, откако веќе биде влезен во сила прекинот на огнот во Украина меѓу владините сили и проруските сепаратисти.

Доколку резолуцијата биде прифатена, тоа ќе биде едно од ретките дејствија кои СБ на ОН ги презел во врска со кризата во Украина, која трае речиси една година.

Советот заседавал околу 30 пати по тоа прашање, но Русија како негова постојана членка може да наложува вето на секое предложено дејствие, доколку смета за потребно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.