Свет

Русија поднесе предлог-резолуција за Сирија во ОН

Русија поднесе предлог-резолуција за Сирија во ОН

Русија достави до Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција за хуманитарната ситуација во Сирија, како и проект за борба против тероризмот, пренесува весникот „Московскиј Комсомолец“, повикувајќи се на податоци од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Некои земји повикуваат за борба против тероризмот, но во пракса ги затвораат очите за фактот дека хуманитарните проблеми во Сирија најчесто се креираат од терористичките групи. Потребен е искрен разговор, а не обиди да се шпекулира со кризата во блискоисточната држава“, истакнал Лавров.