Балкан

Русија не може да и’ помогне на Грција, тоа е проблем на Европа

Русија не може да и’ помогне на Грција, тоа е проблем на Европа
Русија не може да и' помогне на Грција, тоа е проблем на Европа

Русија не е во можност да и помогне на Грција да ја реши должничката криза. Европската унија треба да најде сама излез, изјави главниот извршен директор на втората по големина руска банка ВТБ Андреј Костин.

Русија не може да и помогне на Грција, тоа е проблем на Европа, изјави рускиот банкар во Уфа, каде утре официјално започнува средба на високо ниво на БРИКС, групата составен од Бразил, Русија, Индија, Кина и ЈАР.

Европа го создаде проблемот и треба сама да го решава. Не сметам дека Русија е во позиција да помогне, изјави Костин.

Планот на кредиторите на Грција не издржа никаква критика и позицијата на Атина е јасна, истакна шефот на ВТБ.