Русија предложи нова резолуција за Украина

Русија до Советот за безбедност на ОН предложи нова резолуција за решавање на кризата во Украина.

Амбасадорот на Русија при ОН, Виталиј Чуркин изјави дека нацртот на новата резолуција содржи делови од двете претходни резолуции на ОН за Украина.

„Со нив се повикува на обезбедување на хуманитарна помош, престанување на пукањето и национален дијалог за Украина. Новата резолуција подразбира почитување на независноста, суверинтетот и територијалниот интегритет на Украина,“ изјави Чуркин.

Тој нагласи дека Русија како претседател на Советот на безбедност се надева дека резолуцијата конечно ќе биде усвоена.

Русија вчера ја прекина испораката на гас за Украина поради неисплатен долг.И двете земји се обратија на арбитражниот суд во Стокхолм . Русија поради неисплатенмиот долг, а Украина бара обесштетување од шест милијарди долари поради превисоката цена на рускиот гас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.