Русија предупредува на ризик од нови видови птичји грип

Руски претставници во регионот Новосибирск предупредија денеска на голем ризик од појава на два нови видови вирус на птичји грип кои се регистрирани во Кина.

Во Кина се појавиле вирусите H5N3 и H5N8, соопштија надлежните служби во Новосибирск.

Во соопштението е предупредено дека постои висок ризик од ширење на овие вируси на територијата на Русија, особено на југозападниот дел на Сибир и регионот Новосибирск.