Македонија

Русија ќе посредува во преговорите меѓу МПЦ и СПЦ

Русија ќе посредува во преговорите меѓу МПЦ и СПЦ
Русија ќе посредува во преговорите меѓу МПЦ и СПЦ

Новата рудна разговори меѓу МПЦ и СПЦ ќе се одвива со посредство на руската црква, пишува Радио Слободна Европа, истакнувајќи дека отпочнувањето на разговорите меѓу двете цркви го покрена Руската православна црква со потпишување меморандум меѓу двајцата патријарси – рускиот и српскиот.

Од МПЦ изјавиле дека треба формално да ја известат СПЦ дека е формирана комисија за разговори, а нивниот термин и локацијата каде ќе се одржат, ќе зависи од СПЦ.

Терминот на разговори и кога ќе се определи местото каде тие ќе се држат зависи од СПЦ, вели митрополитот преспанско-пелагониски Петар.

Отпочнувањето на разговорите меѓу двете цркви го покрена Руската православна црква со потпишување меморандум меѓу двајцата патријарси – рускиот и српскиот. Условот што го поставуваше СПЦ за продолжување на дијалогот со МПЦ беше ослободување на Вранишковски. МПЦ очекува во разговорите да има посредништво и од Руската црква.