Русија произведува мобилни телефони само за муслимани

Еден специјален мобилен телефон само за муслимани, се најде на пазарот во Русија. Претседателката на унијата на муслимани во Русија, Наиља Зиганшина, информираше дека телефонот го содржи текстот на Куранот на арабски и руски јазик.

Телефонот според нејзе, ги потсетува корисниците во секое време за молитвите и ја покажува насоката кон Мека. Телефонот произведен од компанијата BQ, a се продава за цена од само 31 долар.

Овој мобилен телефон на пазарот може да се најди во три бои: зелена, црна и црвена. Инаку во Русија, 15 посто од населението се муслимани.