Русија разгледува можности за „селективни напади“ на Украина

Русија ја разгледува можноста за селективни напади на Украина, како и одмазда за гранатирањето вчера на рускиот пограничен град Доњецк во Ростовската област, пишува рускиот Комерсант повикувајќи се на извор близок на Кремљ.

Истиот извор навел дека „Русија точно знае од каде стиганло“ гранатирањето и прецизирал дека не би имало масовни акции, туку „прецизни напади“ на позициите од каде што (Украинците) пукале на Русија, пренесува Гласот на Русија.

Потпретседателот на Комитетот за буџет на Советот на Федерација и претставник на Ростовската област Евгениј Бушмин е со исто мислење дека „прецизните оружја“ се во состојба да ги сопрат нападите од украинската страна.

„Глас на Русија“ потсетува дека предградјето на Ростовската област вчера рано наутро се нашло на удар на украинската војска и милиција која се бори за контрола на граничниот премин Изварјно.

Гранатата била исфрлена од Украина и експлодирала во дворот во улицата Балтилјскаја број 47.

Во експлозијата загинал Андреј Шилатњев роден 1967 година жител на местото, а другата граната во ближната куќа ги ранила ќерката и мајката, 82-годишната баба која е префрлена во болница со скршеница на коските и потрес на мозокот.

Руското министерство за надворепни работи вчера ги повикало украинскиот отправник во Русија за да му врачи остар протест заради гранатирањето на руска територија од украинската страна на границата.

„Инцидентот може да има неповратни последици“, предупредило руското министерство во официјалното соопштение вчера и навело дека „провокацијата е уште еден акт на агресија од страна на Украина против суверената руска територија и граѓаните на Руската Федерација“.