Русија разочарана од Црна Гора, Подгорица ги отфрла критиките

Непријателските изјави на премиерот на Црна Гора, Мило Ѓуканови во текот на неговата посета на САД како и придружување на Црна Гора кон Европската унија и санкциите против Русија предизвикуваат длабоко разочарување, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Во Моква ќе се обрне внимание на неодамнешната посета на претседателот на владата на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ на САД каде што се барало Црна Гора што попрво да биде примена во НАТО.

Исто така во своите истапи, Ѓукановиќ допуштил непријателски изјави на сметка на Русија која заедно со придружување на Црна Гора кон ЕУ во санкциите спрема Русија, предизвикуваат длабоко разочарување.

„Таквите изјави и потези се во спротивност со традицијата, пријателството и меѓусебното разбирање меѓу народите на двете земји,“ наведено е во соопштението.

Министерството за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора ги отфрли како непримерни и произволни оценките и ставовите изречени во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија по повод посетата на премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ на Вашингтон.

„Се што премиерот изнесе јавно и во разговорот со американските официјални лица е во согласност со националните интереси на Црна Гора и нејзините надворешно политички определувања за членство во НАТО и ЕУ и не е антируско интонирано,“ се наведува во соопштението на црногорското министерство.

Како што пренесуваат подгоричките медиуми, министерството изразува уверување дека односите и соработката меѓу Црна Гора и Русија ќе продолжат да се развиваат во духот на повеќевековната традиција и суверено право е на секоја држава да одлучува за својот развој и надворешно-политички приоритети.