Русија се надева дека санкциите од ЕУ и САД ќе бидат исклучително политички

Министерството за економски развој на Русија се надева дека можните санкции на ЕУ и САД ќе бидат исклучително политички, пренесе Интерфакс.

„Подготвени сме за секаков развој на настаните, но се надеваме дека тоа ќе бидат конкретни политички санкции, а не широк пакет од трговско економски односи“, рече заменик-министерот за економски развој на Русија, Алексеј Лихачев.

Тој додаде дека во случај на воведување на санкции против Русија од страна на ЕУ или САД, руската Влада ќе преземе реципрочни мерки.