Русија се повлекува од Сирија – победи во војната и не ги повтори грешките од Авганистан

Вие се враќате со победа во своите родни места, кај своите блиски, родители, жени, деца и пријатели. Татковината ве чека пријатели. Ви благодарам за службата, рече рускиот претседател Владимир Путин, во својот говор пред војниците на армијата на Русија во воздушната база „Хмејмим“ во Сирија, и издаде наредба за повлекување на силите.

Одлуката е донесена поради фактот дека „Исламска Држава“ е веќе целосно поразена, нешто што Путин го објави во јавноста уште минатата недела, пишува рускиот весник „Взглад“, пренесува НетПрес.

„Заканата од тероризам е сеуште многу висока, но во Сирија успеавме да и’ нанесеме пораз на една од главните групи – „Исламска Држава“, потенцира Путин, обраќајќи се кон својот сириски колега Башар Асад, кој пак, од своја страна од името на целиот сириски народ изрази длабоко признание за улогата што руската воена авијација ја одигра војна во неговата земја.

„Добив задача и пристапив кон организирање на војските во чиј состав се 25 летатала. Од нов 23 се авиони со различни модификации, два хеликоптера К-52 , а  исто така и воен контингент во составот на одредот на воената полиција на Русија, одред за специјални задачи, воена боница, и одред за расчистување од мини“, изјави командирот на руските военно-вселенски сили, генерал-полковник Сергеј Суровикин.

По наредба на Путин, во Сирија остануваат две пункта на руската армија – еден во воено-воздушната база „Хмејмим“ и еден за материјално-техничко обезбедување во Тартус.

„Во Хмејмим останува нашата авијација – бомбардерите, ловците, напаѓачите. Оставнува и против-воздушната одбрана“, соопшти бившиот командант на руската авиација, Виктор Бондарев, кој претходно беше прв човек на Советот на Руската федерација за одбрана и безбедност.

Според него, моментно на прво место ќе биде повлечена инжинеријата на руската армија во Сирија.

„Русите учествуваат до деминирањето на територијата на Сирија. Сметам дека ќе се вклучат и други земји од ООН, појасни Бондарев.

За време на неговото командување на воената авијација на Русија во Сирија, во септември 2015 година, беа демонстрирани резултати, кои според експертите, беа фантастични.

„Може со длабока увереност да се каже дека Русија демонстира методи за водење војна, во кои целта беше постигната со минимални средства“, оцени Антон Мардасов раководител на одделот за истражување на блискоисточните конфликти при Институтот за иновациски развој.

Русија за две години постигна целосна воена победа во Сирия. Не се потврдија сомнежите дека за Сирија ќе стане втор Авганистан за Русија, како што често се слушаше од Западот во есента во 2015 година.

Русија не почна да гради социјализам во Сирија

Треба да се знае дека во Авганистан, согласно тогашните советски традиции, почнавме да градиме социјализам. Тоа значеше значително поголема ангажираност и тоа буквално на целата територија на Авганистан и предвидуваше сериозно дејствување на копнените сили. Сите учествуваа во операцијата, и копнената војска и воздушно-десантните единици, па дури и граничните трупи, вели полковник Виктор Мураховски, главен уредник на военото списание „Татковински Арсенал“.

Тој дополнува дека Русија во Сирија нема никаква намера да гради политички систем, и строго се држеше до задачата за унишптување и пораз на „Исламска Држава“.

„Политичката задача беше само една – да не се допушти распад на Сирија“, дополнува Мураховски.

Во септември 2015 година, претседателот на Сирија Башар Асад конторлираше само 15 отсто (околу 19.000 км2) од територијата на државата. Тогаш Дамаск се обрати до Москва за помош, повикувајќи се на договорот за пријателство и соработка, склучен уште во времето на СССР во 80-те години од минатиот век. На 30 септември 2016 година, Советот на Руската Федерација му даде согласност на претседателот Владимир Путин да може да ги користи руските вооружени сили во Сирија.

Првично, руската воена група бореше 50 авиони и хеликоптери. Во ноември, само борјот на борбени летала се зголеми на 69 единици. Во истиот период, за прв пат дејствуваа летала од долг дострел, односно беа уништени објекти на терористите со ракети воздух земја. Заедно со тоа дејствуваа и борбените бродови на руската армија од Касписката флота, кои исто така дејствуваа на цели на „Исламска Држава“.

Моментно ослободени се провинциите Латакија, каде е лоцирана базата „Хмејмим“, потоа градовите Алепо и Палмира. Исто така, по долгогодишна опсада ослободен е и градот Деир Ез Зор. Исламистите се поразени во провинциите Рака и Идлиб. Во нември, борбите се разгорија околу последниот голем бастион на „Исламска Држава“ во близина на сириско-ирачката граница. До септември 2017 година, руската воена авијација спроведе повеќе од 28.000 борбени летови, и околу 99.000 напади врз терористите. Загубите на руската авиација, до сега, се: три авиони – Су-16, Су-33 и МиГ-29К, од кои еден соборен од труската армија, а сите базирани на носачот „Адмирал Кузнецов“, како и пет хеликоптери.

Само во последните седум месеци целосно се ослободени повеќе од 67.000 километри квадратни сириска територија, повеќе од 1.000 населени места, како и 78 нафтени извори и наоѓалишта на природен гас. Во тој период направени се околу 7.000 летови, униптени се 32.000 терористи, 394 тенкови на непријателот и повеќе од 12.000 разновидни единици на оружје и техника. Територијата која ја контролира официјален Дамаск, е зголемена на 78.000 километри квадратни, наведено е во извештајот на Сергеј Суровикин, команднат на руската армија во Сирија.

Но, според воените експерти, главното е тоа што квалитетот на сириската армија е променет.

Три етапи на операцијата

За време на првата етапа (6-7 месеци) авијацијата дејствуваше главно по стратешките резерви на непријателот, по неговата заднинска инфраструктура и системи за управување на оперативно-стратешката врска, вели Константин Сивков, претседател на Академијата за геополитички проблеми и доктор по воени науки.

„Таквиот курс на дејствување е направен без взаемно дејствување со сириските вооружени сили. Командниот состав на сириската армија тогаш воопшто не беше подготвен.

За време на втората етапа – од пролетта до средината на есента во 2016 година, руската авијација се фокусираше главно на поддршката за сириска армија, а исто така и на униптување на заднинските комуникации на непријателот.

Беше утврдено и воспоставено целосно управување на внатрешните структури на сириската армија, а истовремено и нивно взаемно дејствување со руските сили. Тоа е многу поврзано со појавувањето на нашите специјалисти советници, чиј придонес беше одлучувачки. Но сириската армија, по својот борбен потенцијал, не беше толку зајакната за да решава значајни оперативни задачи.

За време на третата, финална, етапа, руските сили повторно преминаа кон дејствија врз заднинските цели, најмногу по маневарските групи на терористите. Благодарение на дејствувањата на артилеријата и нејзината соработка со другите родови во армијата, се намали потребата од непосредна огнена поддршка“ објаснува Сивков.

Обновената сириска армија

Првичниот степен на подготовка на основниот дел на сириската армија не дозволуваше руските генерали да реализираат заеднички оперативно-тактички техники во целост, вели Мураховски, и додава дека биле вложени многу напори за да се подготви сириската армија.

„Ако се споредува со дејствувањата на Пентагон, Американците, за разлика од Русија, не водеа ниту во Сирија, ниту пак во Ирак, непосредни борбени дејствија“, вели Мураховски.

Тој напоменува дека руските сили, иако со мала бројност, се исклучително интензивни.

„Според бројот борбени летови, и според бројот на напади, ние сме многу пред Американците и пред нивните сојузници во коалицијата. Освен тоа, ние во определен момент, на пример во операцијата околу градот Деир Ез Зор, активно напаѓавме во интерес на непосредна огнена поддршка на авијацијата, поточно на нападите од Су-25 и хеликоптерите, кои дејствуваа на ниски височини. Американците со такви работи не се занимаваа“, вели Мураховски.

Во источна Сирија сеуште има позиции на „Исламска Држава“, но и во Ирак.

„Таму е неопходно да се спроведе оперативно-разузнувачка работа“, смета Мураховски.