Свет

Русија се предомислува за јужен тек?

Русија се предомислува за јужен тек?

Проектот на изградба на гасоводот Јужен тек би можел да биде реализиран, прогнозира американскиот центар за стратегиски предвидувања Стратфор.

Стратфор оценува дека Русија би можела да ја промени својата одлука за откажување од тој проект. Политичките односи на Москва и Западот во моментот речиси се еднакво слаби како за време на Студената војна, но можно е да се поправат со Европјаните доволно да Јужен тек биде повторно разгледан, објавено е на сајтот на Стратфор.

Како што се наведува, членките на ЕУ Бугарија и Унгарија лобирале во Брисел ЕУ да го промени својот став кон Јужниот тек, а дури и Германија настојува да ја оддржи таа опција за случај да дојде до договор во врска со кризата во Украина, пренесува Танјуг.

Претседателот на Русија Владимир Путин, во разговорот со турскиот колега Таип Ердоган, најавил дека Русија ќе го гради нафтоводот со капацитет до 63 милијарди кубни метри гас преку Црното море кон Турција, со евентуална изградба на нафтоводот на границата на Турција и Грција, откаде гасот би стигал во јужна Европа.