Русија се уште сака да учествува во антитерористичката коалиција

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков денеска изјави дека Кремљ смета дека е најважно да бидат конечно квалифицирани дејствијата на Турција кон рускиот бомбардер Су-24, соборен од турски авион во вторникот крај сириската граница.

Тој изјави дека рускиот противавионски ракетен комплекс С-400 веќе се стапил во „боево дежурство“ во Сирија.

Москва испрати во военовоздухопловната база Хмејмим во Сирија, системи С-400, откако турските военовоздухопловни сили соборија во вторникот руски бомбардер. Еден пилот загина, другиот беше спасен.

– Русија се уште има желба да учествува во антитерористичката коалиција и жали што други земји немаат таква готовност, изјави Песков.

Тој одново ја потврди руската позиција, според која, „единствената реална сила, способна да се спротивстави на терористичките организации, кои окупираа голем дел од територијата на Сирија, се вооружените сили на Сириската арапска република“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.