Русија: Сите кандидати за избори ќе треба да достават сертификати за менталното здравје

Пратеникот во Горниот дом на рускиот Парламент Антон Бељаков подготви предлог-закон со кој се предвидува сите кандидати на руските избори да ги известат гласачите за своето ментално здравје, како и дека немаат зависности, пренесува МИА.

Бељаков истакнува дека со предлог-законот не сака да забрани учество на избори на одредени лица, туку дека бара сертификати за дополнително информирање на граѓаните.

Бељаков го претставува централнорускиот регион Владимир во Советот на федерацијата. Тој сака да ги смени трите сојузни закони со кои се регулираат основните права на граѓаните на претседателските избори за долниот дом на Парламентот.

Ако предлог-законот биде усвоен, сите кандидати ќе мора да достават потврда од психијатар и од лекар специјалист за алкохолизам и наркоманија. Такви потврди се бараат од граѓаните за возачка дозвола и за поседување на оружје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.