Русија со 13 милијарди рубљи помош за Крим и Севастопол

Годинава Владата на Русија ќе обезбеди финансиска помош за Крим и Севастопол во износ од над 13 милијарди рубљи. Ова беше објавено на сајтот на Кабинетот на министрите на Русија, пренесе „РИА Новости“.

„Со оглед на моменталната ситуација со спроведувањето на буџетот на Крим и Севастопол се предлага да се обезбеди од федералниот буџет дополнителна финансиска помош на Крим во износ од 10,7 милијарди рубљи и на Севастопол од 2,4 милијарди рубљи. Помошт ќе биде во вид на дотации за поддршка на мерките за обезбедување на балансирање на буџетите на субјектите на Руската Федерација“, се вели во пораката.