Свет

Русија со нова резулуција за Украина

Русија со нова резулуција за Украина

Русија до Советот за безбедност на Обединетите Нации (ОН) предложи нова резолуција за решавање на кризата во Украина. Виталиј Чуркин, амбасадорот на Русија во ОН изјави дека нацрт-резолуцијата содржи делови од двете претходни резолуции на ОН за Украина во кои се повикува на обезбедување на хуманитарна помош, прекин на огнот и национален дијалог со Украина.

Новата резолуција предвидува почитување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, изјавил Чуркин, додавајќи дека Русија како претседавач со Советот за безбедност се надева дека резолуцијата во скоро време ќе биде усвоена.

Русија вчера ја прекина испораката на гас кон Украина поради неплатениот долг.

Двете земји се обратија до Арбитражниот суд во Стокхолм, Русија поради неисплатените долгови, а Украина бара обештетување од шест милијарди долари поради превисоката цена на рускиот гас.