Русија со заплашувачка порака до Шведска

Влегувањето на Шведска во НАТО ќе биде проследено со соодветни дејствија од страна на Русија, изјавила портпаролот на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, објавува Итарр-Тасс, пренесува Нетпрес.

– Многупати сме изјавиле дека стратегијата за национална безбедност и одбрана е суверена одлука на секоја држава. Но, ние како и претходно, гледаме на политиката на Шведска за неушество во воени блокови како важен фактор за стабилноста на северна Европа, рекла Захарова.

svedska neto rusija
Шевдска доби остра порака од Русија-Марија Захарова

Според неа, присоединувањето на Шведска кон НАТО „ќе има воено-политички и и надворешнополитички последици, кои ќе бараат преземање на неопходни соодветни мерки од страна на Русија“.

Инаку, пред извесно време Шведска соопшти дека ќе ги измени своите закони со цел приближување кон НАТО.