Русија: Соработка со сите земји, вклучително и со Македонија

Русија планира да ја развива соработката со сите земји, вклучително и со Македонија, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе Нови магазин, повикувајќи се на ТАСС.

-Русија продолжува да повикува на развој на дијалогот и соработката со сите партнери и со сите држави што го посакуваат тоа. Ние ќе продолжиме да го правиме тоа и во иднина, изјави Песков за новинарите.

Тој одби да оментира за можните акции од страна на Москва за поддршка на Македонија и потенцира дека позицијата на Русија е изнесена во говорот на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и оти нема што да додаде.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.