ВИДЕО: Спасен еден руски пилот од соборениот „Сухои“

Еден од двајцата руски пилоти, кои биле во авионот што го собори турската армија вчераутро, е спасен од сириската армија, соопштил рускиот амбасадор во Франција, јавува „Раша Тудеј“, пренесува Нетпрес.

Како што веќе е познато, вчера рано наутро два борбени авиони од типот Ф-16 на турската армија соборија руски бомбардер од типот „Сухои“, на турско-сирискиот граничен појас.

Според руските власти, турската армија дејствувала на сириска територија. Турција, пак се правда дека руското летало го нарушило турскиот воздушен простор и било предупредено.

Едниот пилот бил ранет додека се спуштал со падобран, а потоа бил заробен од џихадистите во тој реон и убиен на еден дивјачки начин. Другиот успеал да се извлече. Според последните информации, тој е спасен од војниците на сириската армија, и се очекува негово пристигнување во руската воздушна база, изјавил рускиот амбасадор во Франција, Александр Орлов, за радиото „Европа 1“.

Претседателот на Русија, Владаимир Путин, го оцени овој инцидент како забивање на нож во грбот и ја обвини Турција дека ја поддржува „Исламска држава“ и дека со исламистите шверцува нафта. Исто така, тој додаде дека овој инцидент ќе пр4едизвика тешкипоследици по Турција.

Туркменските борци, кои имаат поддршка од Турција, а се борат во Сирија против војската на претседателот Башар Асад, вчера на интернет објавија снимка од еден од руските пилоти и тврдеа дека го убиле уште додека тој бил на падобран.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.