ВИДЕО: Русија суспендирана од Зимските олимписки игри

Олимпискиот комитет на Русија е суспендиран од Зимските олимписки игри и му е наложено да плати 15 милиони американски долари за трошоците на Меѓународниот олимписки комитет, поради допинг кој наводно го спонзорирале руските органи во текот на Олимписките игри во Сочи.

Меѓутоа, МОК им дозволи на руските спортисти, доколку сакаат, да се натпреваруваат под називот „Олимписки спортост од Русија“ (Olympic Athlete from Russia (OAR), секако под услов да можат да докажат дека не биле вклучени во „државниот допинг“. Руските спортисти се повикани да се натпреваруваат под олимпиското знаме, а олимписката химна ќе се интонира доколку овие спортисти освојат медал. Руското знаме ќе биде истакната само на затворањето на игрите.

На Виталиј Мутко, тогашен министер за спорт, а сега заменик премиер на Русија, забрането му е секакво учетво на сите идни олимписки игри. Мутко во моментов е шеф на организацискиот комитет за Светското фудбалско првенство 2018 година и уште во петокот ги отфрли сите наводи дека се случил систематски допинг на руските олимпијци.

Одлуката на МОК ја објави во вчеравечер Томас Бах, откако ивршниот комитет од 14 членови го разгледал извештајот од т.н. Шмидова комисија, која изминатите 15 месеци истражувала дали постои „институционален заговор“ на руските функционери во рамките на министерството за спорт за да остварат подобри резултати во текот на Олимписките игри во Лондон и Зимските олимписки игри во 2014 година.

Зимските олимписки игри во 2018-та ќе се одржат во јужнокорејски Пјонгченг, и ќе траат од 9-ти до 25-ти февруари.