понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 43

Русија: Терористите во Сирија можеме да ги напаѓаме од море

113892073

Последни вести

Нема потреба да се зголемува руската групација во Сирија поради бомбардирање на терористите, ракетните напади можат да се извршуваат и од бродови на Касписката флота, изјави претставник на Меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата Владимир Џабаров.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера рече дека Русија им предлага на САД од 25 мај да пристапат кон заеднички напади на Фронтот ал Нусра и незаконските вооружени формации во Сирија, но оти го задржува правото на еднострани напади.

Џабаров не ја исклучи можноста за приклучување на САД кон воздушните напади на Русија.

– Сметам дека Американците наскоро ќе го изгубат трпението и поради тоа постои надеж дека ќе и се приклучат на Русија, смета тој.

Најчитани вести