Свет

Русија треба да одлучи како ќе се однесува спрема Киев

Русија треба да одлучи како ќе се однесува спрема Киев

Обидите за промена на власта во Украина ја ставаат Русија пред избор, коментира рускиот весник „Взглјад“. Москва треба да одлучи како ќе се однесува во сегашната ситуација во Украина.

Москва треба да избере дали „да ја пушти и да ја заборави Украина“ или да го поддржи нејзиниот претседател Виктор Јанукович, или пак да ги пушти источноевропските држави и да тргне по неа на нејзиниот пат кон Европа.

А за еден обичен набљудувач, во овој момент целата слика на руско-украинските односи е сведена на една гасна војна и до начинот на кој таа треба да влијае на односот на Украинците кон Русија.