недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 32

Русија и Турција договориле воено-разузнавачка размена на податоци

Русија ќе им предаде на турските власти разузнавачки информации кои ќе бидат употребени во операцијата „Еуфратски штит" која турските сили ја спроведуваат во Сирија.

132960612

Последни вести

За време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Анкара, на 10-ти месецов, била договорена разузнавачка соработка меѓу Русија и Турција, јави денеска турската приватна НТВ.

Според рускиот весник „Известија” пак, којшто се повикува на руски воено-дипломатски извори, Русија ќе им предаде на турските власти разузнавачки информации кои ќе бидат употребени во операцијата „Еуфратски штит” која турските сили ја спроведуваат во Сирија.

Весникот го цитира и првиот заменик претседател на Комисијата за одбрана и безбедност при Советот на федерацијата, Франц Клинцевич, кој изјави дека и Турција стана дел од неофицијалната група за разузнавачка соработка, заедно со Русија, Сирија, Ирак и Иран.

Клинцевич во таа прилика ја пофалил разузнавачката мрежа на Турција во Сирија, додава изворот.

Најчитани вести