Русија вложила лани во Австрија 23 милијарди долари, за Курц е „супердржава“

Трговијата меѓу Русија и Австрија минатата 2017 година се зголемила за 40 отсто, и тоа руски извори вложиле во австриската економија 23 милијарди а австриските во руска 5 милијарди американски долари, изјави во средата рускиот претседател Владимир Путин кој му беше домаќин на австрискиот канцелар Себастијан Курц.и

За позитивниот развој на економските врски меѓу Австрија и Русија особено придонел туризмот, оцени Курц.

Австрија го поддржува гасоводот Северен тек 2, со кој до централна Европа се испорачува рускиот природен га, но поединостите доправа треба да бидат разработени, изјави за новинарите австрискиот канцелар по средбата со рускиот претседател во Кремљ.

Станува збор за едно од жешките прашања во Европската унија, бидејќи гасоводот со кој Германија ги удвојува досегашните испораки на руски гас преки гасоводот Северен тек, за источните земји членки претставува закана за европскиот пазар на гас и за енергетската безбедност.

Курц рече дека оптимистички гледа на можноста да работи со Путин на подобрувањето на односите меѓу Русија и Европската унија. Додаде дека како некогашен шеф на дипломатијата на аАвстрија уживал да раоти со рускиот колега Сергеј Лавров.

Руските односи со ЕУ паднаа на најниските гранки од завршувањето на блоковската Студена војна пред четири години, по превратот во Украина и кога руското население од црноморскиот полуостров Крим изгласа на референдум враќање на автономијата и присоединување кон Руската Федерација, што за Западот претставува нелегално руско анектирање на украински територија.

САД тогаш воведоа санкции против Русија, а потоа Вашингтон изврши силен притисок и врз ЕУ, чии членки беа значителни извозници на рускиот пазар. Москва возврати со ембарго на увозот на земјоделски и други прехранбени производи од западните земји, со што овие гранки во европските земји претрпеа значителни загуби.

Курц одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција ја нарече Русија „супердржава“ којашто може да влијае на ситуацијата во Сирија.

„Во оваа прилика апелирам на Русија, бидејќи таа има одговорност и влијание. Русија е супердржава, може да влијае врз режимот и ситуацијата во Сирија“, рече Курц.

„Нашите најголеми надежи се дека сите ќе се вратат на преговарачката маса и што поскоро да се заврши војната во Сирија“, истакна австрискиот канцелар додавајќи дека тој е „среќен што преговорите се обновени“.