Русија во паника: Евакуиран Црвениот плоштад

По новата експлозија во Волгоград, паника завладеа во Москва. Црвениот плоштад привремено  бил евакуиран поради сомнителна чанта.

Откако бил забележан сомнителниот предмет, полицијата во Москва, веднаш го евакуирала целиот плошта, кој инаку е најпрометен дел од градот, а околу целото подрачје е поставен полициски кордон.

Но, набрзо било откриено дека сомнителната чанта ја оставила ментално болна жена и целиот плоштад набрзо бил отворен.

Претходно, во рускиот град Волгоград утрово е изведен уште еден терористички напад, еден ден откако жена самоубиец извела напад на железничка станица во тој град.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.