Свет

Русија води преговори со САД и ЕУ за мирно решавање на кризата во Украина

Русија води преговори со САД и ЕУ за мирно решавање на кризата во Украина

Русија води преговори со САД и ЕУ за мирно решавање на кризата во Украина, изјави претседателот на Советот на Федерацијата на Русија, Валентина Матвиенко, цитирана од РИА Новости.

„Со голема загриженост и болка следиме развојот на настаните во Украина“, изјавила Матвиенко, истакнувајќи ги силните културни и историски врски меѓу двата народа.

Матвиенко посочи дека мирните протести во Украина, со кои започна Мајдан се разбирливи, бидејќи луѓето биле незадоволни од корупцијата и растот на невработеноста, но истакна дека немале право да го менува уставниот поредок. Руската политичарка додаде дека проблемите на Крим не можат да бидат решени без учество на Русија и посочи дека референдумот во Крим е строго во согласност со меѓународното право .

Таа исто така предупреди дека нестабилната ситуација во Украина може да се префрли на приграничните територии на Русија.