Русија воведува ембарго на увоз од западните земји

Русија воведува целосно ембарго на увоз на овошје, зеленчук, месо, риба, млеко и млечни поизводи од САД, Европската Унија, Австралија, Канада и Норвешка, изјави денеска рускиот премиер Димитриј Медведев.

„Ова ембарго стапува на сила денеска и ќе трае една година“, рече Медведев и додаде дека влата е подготвена да ја ревидира одлуката во случај ако дојде до промена на ситуацијата.

Медведев, исто така, додаде дека се разгледува и забраната за прелети на европски и американски авио-компании преку рускиот воздужен простор кон азиско-пацифичкиот регион.

„Конечната одлука за забраната за прелети на европски и американски авиокомпании уште не е донесена, но засега е забранет прелет на украинските превозн ици преку руска територија“, додава Медведев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.