Русија воведува нови санкции против ЕУ

Рускиот министер за економија Алексеј Уљукаев најави денеска дека Русија ќе воведе нови санкции против земјите од ЕУ како одговор за продолжувањето на санкциите кон Москва за уште шест месеци, пренесува МИА.

Уљукаев истакна дека „москва веројатно ќе го прошири ембаргото на храна“.

Владите на земјите-членки на ЕУ еден ден претходно се согласија да ги продолжат економските санкции против Русија до 31 јануари следната година, а Москва вчера најави дека ќе одговори на таквата одлука на ЕУ.