Свет

Русија воведува забрана за украински летови

Русија воведува забрана за украински летови

Рускиот воздушен простор ќе биде затворен за украинските авиокомпании од 25. октомври.

Станува збор за одговор на иста таква мерка, што Украина претходно ја воведе за две руски авиокомпании.

Врз основа на инструкции на рускиот премиер Дмитриј Медведев, од руската Федерална сообраќајна агенција е побарано да ги информира украинските авиокомпании кои летаат за Русија дека од 25 октомври ќе им биде забрането да го користат рускиот воздушен простор, јави ТАСС.

Ваквата мерка претставува одговор на минатонеделната одлука на украинските власти, кои забранија на руските компании Аерофлот и Трансаеро да летаат за Украина од 25 октомври. Украинските власти, исто така, забранија и руски транзитни летови, ако авионите превезуваат воен персонал или стоки со двојна намена.

Украинскиот претседател Петро Порошенко на 16 септември ја прошири листата на санкции против руски компании и личности за уште 400 службеници и 90 компании.