Русија го изведе првиот воздушен напад во Сирија

Русија го изведе првиот воздушен напад во Сирија. Воздушните напади на Русија во Сирија се насочени кон противниците на режимот на Башар ал Асад, пренесува Б92.

Нападите се извршени во областа околу градот Хомс, а претходно бил известен и Вашингтон дека тоа ќе се случи.

До ваков развој на ситуацијата дојде откако сирискиот претседател Башар ал Асад и официјално побара помош од воздухопловните сили на Русија.

Се надеваме дека напорите на Русија ќе помогнат во операцијата на сириските сили во борбата против тероризмор, со учество на другите партнери, ќе се направи возможно ситуацијата во Сирија да се промени, порачуваат од Кремљ.

Граѓанската војна во Сирија трае веќе четири години, а вооружените бунтовнички групи се борат со војската на режимот на Асад. Меѓу нив е и терористичката организација Исламска држава – ИД.

Претходно во текот на денешниот ден Парламентот во Русија ги одобри воздушните напади врз Сирија.

Русија порача дека би можела да се приклучи кон воздушните напади со одобрение на ОН, но ја исклучила можноста за копнена интервенција.

Истовремено, Пентагон потврди дека ќе биде воспоставена врска со официјални претставници на Кремљ за да има размена на информации за тековните воздушни напади. Освен Русија и САД, воздушни напади врз Сирија изведуваа и Франција и Велика Британија.