Русија за надополнува листата за забрана за увоз

Од 21 октомври Русија ќе забрани увоз на говедски субпродукти од државите на Европската унија во Русија, пренесува „Интерфакс“ повикувајќи се на шефот на Федералната агенција за фитосанитарна и ветеринарна контрола, Сергеј Дакверт.

„Од 21 октомври ќе воведеме ограничување за увоз во државата на говедски субпродукти и друга продукција која не се најде во списокот од август“, изјави тој.

Тој забележа дека во последниве два месеца беа забележани 17 случаи на откривање штетни материи, антибиотици во говедските субпродукти кои доаѓаат од шест држави на ЕУ.

„Ние не добивме соодветни одговори на нашите прашања и објаснување поради откриените штетни материи во увезените продукти“, подвлече Данкверт.