Свет

Русија забранува внесување течности во авионите

Русија забранува внесување течности во авионите

Еден месец пред Олимпијадата во Сочи и по неодамнешните крвопролевања во Русија, федералните власти забранија внесување на какви било течности во патничките авиони – дури и во минимални количини, соопштија аеродромските власти.

Новите правила забрануваат во авионот да има „какви и да било течности, вклучувајќи хигиенски средства, козметика, аеросоли и гелови независно од количината“, се вели во коминике на Интернет страницата Шереметиево во Москва.

Не се прецизира периодот, за кој се воведуваат тие засилени мерки за безбедност. Според локални медиуми, забраните ќе важат два месеци, се додека не завршат зимските Олимписки игри во јужниот град Сочи, што треба да се одржат од седми до 23 февруари, а по нив и Параолимписките, од седми до 16 март.

Досегашните правила забрануваат во авионот да се внесуваат течности во количини над сто милилитри.