Русија загрижена, ЕУ бара Ерусалим да биде главен град и на Палестинците

© REUTERS/Baz Ratner

Русија во четвртокот изрази „голема загриженост“ по одликата на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел, повикувајќи ги сите страни во израелско-палестинскиот конфликт на „воздржаност и дијалог“, а истовремено високата престставничка за заедничка надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини се заложи за јакнење на дипломатските напори не ЕУ со Русија, САД, Јордан и другите да се осигури Светиот град да биде и главен град на Палестинците.

„Москва е многу загрижена од одлуката којашто ја објави Вашингтон“, соопшти руското министерство за надворешни работи, изразувајќи стравување во катастрофалните последици за регионот во целина.

„Праведно и сигурно решение на израелско-палестинскиот судир мора да се постигна на меѓународна правна основа земајќи ги предвид резолуциите на Советот за безбедност и Генералното собрание на Обединетите нации кои предвидуваат решавање на сите аспекти за конечниот статус на палестинските територии, вклучително и чувствителното прашање на Ерусалим, на директните изралеско-палестински преговори“, додава руската дипломатија.

„Ги повикуваме сите заинтересирани страни на воздржаност и откажување од неконтролираното делување со тешки последици“, се додава во соопштението на официјална Москва во кое се повикува на решавањето на проблемот „на слободниот пристап на сите верници до светите места во Ерусалим“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изрази загриженост и поради последиците од американската одлука.

„Оценуваме дека таа одлука воопшто не помага за напредокот на решението на Блискиот исток, туку напротив, води, како што гледаме, во поделба во рамките на меѓународната заедница“, изјави портпаролот на рускиот претседател за новинарите“.

Истовремено, Европската унија, којашто е членка на ткн Блискоисточен квартет заедно со Русија, САД и ОН, објави дека верува дека има должност да го каже своето мислење како најголем донатор на хуманитарна помош за Палестинците и главниот трговски партнер на Израел.

„Европската унија има јасна и единствена позиција. Веруваме дека единственото реално решение на судирот меѓу Израел и Палестинците се заснова на две држави, и тоа Ерусалим како главен град и на двете“, изјави на прес-конференцијата високата претставничка за заедничка надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.

Додаде дека во петок ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Јордан, а дека заедно со шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ во понеделни ќе разговара за Ерусалим со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Ќе продолжиме да работиме со Блискоисточниот квартет, можеби во прошиен формат… Уверени сме дека улогата на САД … е клучна“, додаде Могерини наведувајќи ги Јордан, Египет, Саудиска Арабија и Норвешка како земји кои може да се приклучат на четиристраниот дијалог.

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата го призна Ерусалим како главен град на Ерусалим по децениското одложување тоа да го сторат неговите претходници и покрај одлуката на Конгресот од крајот на минатиот век, и рече дека ќе започне процесот на преселување на американската амбасада во Светиот град, и покрај предупредувањата на сојузниците од регионот и светот дека тој потег може да предизвика нови тензии на Блискиот исток.

Могерини, исто така, рече дека сите 28 челници на владите на земјите членки на ЕУ се обединети во ставовите околу Ерусалим и бараат решение коешто би ја вклучило палестинската држава на територијата која Израел ја освоил во ткн Шестдневна војна во 1967 година. Меѓутоа, некои политички разлики во Унијата го намалиле нејзиното влијаните, призна шефицата на европската дипломатија.

Пречките за ЕУ вклучуваат палета од различни ставови коишто се движат од силната поддршка на Германија за Израел до одлуката на Шведска од 2014 година официјално да ја признае државата Палестина.