Свет

Русија заработи 20 милијарди долари и си врати 30 отсто од акциите на монополските фирми

Русија заработи 20 милијарди долари и си врати 30 отсто од акциите на монополските фирми

Русија ги изврте сите околу малиот прст и за неколку дена успеа да заработи 20 милијарди долари, плус поврати 30% од акциите на своите монополски фирми. Путин ги изигра ЕУ и САД. Пред очите на целокупната светска јавност се се одвиваше според планот – неговиот план. За ваквата игра овој човек заслужува да му се аплаудира стоечки!

До пред некое време дел од акциите на руските енергетски компании припаѓале на странски инвеститори (американски и европски) – што значело дека речиси половина од приходите на нафтените и гасните компании не доаѓале во руската ризница туку на сметките на странските “финансиски ајкули” во Европа.

Поради ситуацијата на Крим рубљата почнала нагло да паѓа, но Централната банка не направила ништо за да го поддржи курсот на рубљата. Се појавиле гласини дека Русија нема залиха на валути за да го поддржи курсот на рубљата.

Тие гласини и изјавата на претседателот Путин дека ќе ги штити жителите кои говорат руски јазик во Украина, довело до огромен пад на вредноста на акциите на руските енергетски компани и како резултат на тоа “финансиските ајкули” нагло почнале да ги продаваат своите акции на берза пред да биде прекасно и тие потполно да ја изгубат својата вредност.

Путин трпеливо чекал цела една недела, и само се смешкал на конференциите за медиумите, и кога цената на акциите го достигна дното, наредил веднаш да се купат сите акции кои претходно биле во рацете на американците и европејците.

Шах Мат!

Додека “финансиските ајкули” да сфатат дека се изиграни, и дека Путин ги намотал околу малиот прст, веќе било прекасно. Акциите дојдоа во рацете на Русите, и сега не само што Русија во тој еден ден заработи 20 милијарди долари, туку и си ги врати акците што значи дека приходите од нафта и гас ќе останат во Русија и повеќе нема да ја напуштаат земјата, рубљата ќе се покачи сама од себе, и за нејзино поддржување веќе нема да има потреба од трошење на руските златни резерви. Европските “финансиски ајкули” си останаа со носот према земја како некои будалетини – за неколку минути буквално за “ситни пари” Русите си ги купија акциите кои носат приходи од милијарди долари од гас и нафта.