Русите ги пречекаа олимпијците со скапи подароци

Организаторите на Зимските олимоиски игри во Сочи (7 – 23 февруари) нема да им доделат медали на сите спортисти, но затоа со богати подароци ги пречекаа при нивното доаѓање во Олимпиското село. Русите ги пречекаа олимпијците со најновиот модел на мобиле телефон “Самсунг”, кој е еден од главните спонзори на најголемиот спортски настан.

Меѓутоа, со подарокот организаторите не ги сокрија недостатоците на два дена до стартот на игрите. Многу работи се’ уште не се завршени, а има и многу нечисти места.

Но, олимпијците не можат да се пожалат на сончевото време. Повеќето од нив веќе ги направија првите тренинзи, а натпреварувачите во алпските дисциплини имаа привилегија да бидат сместени веднаш до патеката на која ќе се натпреваруваат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.