Русите ја блокираа украинската база на Крим,евакуирана заградата на владата во Доњецк

Премиерот на автономната република Крим, Сергеј Аксјонов изјави дека проруските сили ги контролираат сите стратешки приоди на полуостровот и дека ги блокирале сите украински воени бази кои се уште не се предале.

Украинското знаме денеска повторно се вее над зградата на регионалната влада во источниот град Доњецк од каде што вчера биле протерани проруските демонстранти.

„На луѓето им беше препорачано да ја напуштат зградата. Сите ја напуштија,“ изјавија претставниците на полицијата.

Зградата е напуштена бидејќи полицијата соопшти дека во неа е поставена бомба.Во полицискиот извештај се вели дека евакуацијата на зградата започнала по извештајот дека се поставени мини.

Учесниците на проруските протести во текот на изминатите денови заземале неколку згради на државната управа ширум Украина, посебно во источниот регион од каде што потекнува отповиканиот претседател Виктор Јанукович кој избега од земјата по масовните протести во Киев.