Русите прават свој „Евросонг“ – Кончита им ја прелеа чашата

По победата на Кончита Вурст на „Евровизија“, руските пратеници одлучиле да креираат сопствена верзија на оваа манифестација. За ваква идеја се залага пратеникот Валериј Рачкин, кој ја повикал Русија да го напушти конкурсот за песна на „Евровизија“ и да организира паралелна манифестација која би се нарекла „Глас на „Евроазија“.

„Резултатот од  последната „Евровизија“, е капка која  ја прелеа чашата. Треба да го напуштиме овој натпревар, не смееме повеќе да го трпиме тоа лудило“, кажал рускиот пратеник, Валериј Рачкин во Парламентот, пренесува агенцијата Интеракс.

Со Рачкин се согласил и неговиот колега Олег Нилов.

„Ним не им се допаѓаат нашите девојки бидејќи тие немаат бради. Тие не ги сакаат нашите песни“, истакнал Нилов.

За потсетување, Турција исто така организираше своја „ Евровизија“ која се вика „Туровизија“.

Инаку, руската православна црква оценила дека победата на трансвеститот на „Евровизија“, е уште еден чекор кон одбивање на христијанскиот идентитет на европската култура.

Стотици корисници на интернет во Русија протестирале поради Кончита Вурст, објавувајќи на Инстаграм фотографии на кои ги бричат своите бради.

„Избрич ја и ти својата брада во знак на протест“, е едн од пораките на социјалните мрежи кои добила најмногу „лајкови“, од руските корисници.

Поедини руски рок музичари и телевизиски ѕвезди, исто така се сликале со лице прекриено со пена за бричење, додека некои уметници сепак покажале солидарност со австрискиот пејач.

Руските ЛГБТ активисти за 27 мај најавиле протест на брадести жени и мажи во Москва.