Русите продаваат рубљи и ги повлекуваат депозитите од банките

Русите во март ја продаваа рубљата со најбрзо темпо за последните четири години, бидејќи курсот на оваа валута значајно падна поради судирот меѓу Москва и западните земји околу Украина.

Од друга страна, вкупната побарувачка за странски валути, особено за доларот и еврото, во март пораснала  на 14,9 милијарди долари, што е највисоко ниво од јануари 2009 година, односно, периодот после глобалната финансиска криза, соопшти централната банка на Русија.

Побарувачката за странски валути била за 1,5 пати поголема во однос на февруари, а зголемената побарувачка следувала откако рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на март изјави дека има право да го заштити руското население во Украина, по што Русија го прими Крим во својот состав, што предизвика осуди и санкции од страна на западните земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.