Тешка година за туристичкиот бизнис во Русија: Русите се помалку патуваат!

Бројот на руските граѓани кои минатата година патувале во странство е намален за 31,3 проценти, што е најголем пад во последните 18 години.

Руските граѓани реализираa вкупно 12 милиони меѓународни патувања минатата година“, изјави портпаролката на туристичката унија Ирина Тјурин, пренесува порталот Москва тајмс.

Причината за минатогодишниот пад на бројот на руски туристи во странство, се должи на слабеењето на руската валута, како и на забраната која беше воведена за летовите до Турција и Египет, две од најпопуларните туристички дестинации меѓу граѓаните на Русија.

Од помалиот број на руски туристи најтешко е погодена Индонезија, која забележа пад на руските туристи од 96,6 проценти, а потоа следи Тунис со пад од 83 отсто на руските гости и Доминиканската Република, која минатата година ја посетиле 82,5 отсто помалку Руси.

Во Европа, најголем пад на руски туристи од 48 отсто е регистриран во Грција, а потоа следат Бугарија, Шпанија и Хрватска, кои се соочуваат со пад од 41 отсто.

Пред 2015-тата година, најголем пад во рускиот излезен туризам е регистриран во 1998 година, кога бројот на руски туристи кои патувале во странство се намали за 24,4 проценти во однос на претходната година.

Руската туристички унија смета дека 2015-тата година е најтешката година во историјата на приватниот туристичкиот бизнис во Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.