Русите шокирани од Евгениј Плушенко

Рускиот натпреварувач во уметничко лизгање Евгениј Плушенко, кој го освои златниот медал во екипна конкуренција, поради повреда на грбот ги заврши своите настапи на Зимските олимписки игри во Сочи.
Русинот по соопштување на одлуката за неговото повлекување изјави дека не знае дали ќе ја продолжи кариерата.

На загревањето, Плушенко се обидел да изведе неколку пируети, но по скоковите лошо се приземјил, а на неговиот тренер и му рекол дека ја обновил повредата.
 Плушенко освен медалот во Сочи на Олимпијадите има освоено и злато во Торино 2006 и сребро во Ванкувер 2010 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.