Русите убиле еден од терористичките лидери во Сирија

Русите убиле еден од терористичките лидери во Сирија
Русите убиле еден од терористичките лидери во Сирија

Лидерот на терорисичката група Ахрар ел шам, Абу Бакар ал Шишани, со потекло од Чеченија, убиен е во сириската провинција Хомс, при акција на руската авијација.

 

Неодамна, националната агенција САНА во Сирија соопшти дека сириската војска убила уште еден од лидерите на организацијата. Се работи за Омар Мустафа ел Ходр и неговиот помошник Халед Абу Анас.

Медиумите во понеделникот пренесоа дека лидерот на Исламската држава Абу Бакр ал Багдади е ранет во нападот на руската авијација, додека двајца негови блиски соработници се убиени. Еден од нив е Абу Омар ал Шишани, Грузиец со чеченско потекло, кој наводно бил на чело на огранокот на Исламската држава задолжен за пропаганда.

Режимските сили во Сирија денеска почнале оанзива во централната провинција Хомс, со поддршка на руските воздушни напади, во кои загинале најмалку 10 луѓе.