Русите урнале американско летало над Крим

Американско беспилотно летало за надзор е пресретнато денеска над областа Крим во Украина, соопштила руската војска и компанијата за извоз на оруже „Ростек“.

„Беспилотното летало се наоѓало на околу 4.000 метри висина и не била видлива од земја“, навел „Ростек“ додавајќи дека „дронот, речиси недопрен, паднал во раце на одбранбените сили“.

„Ростек“ наведуваат дека тие ја произвеле опремата со чија помош е урнато леталото, но не прецизирале кој управувал со таа опрема.

Дронот MQ-5B, според идентификациониот број, е дел од 66 американска воена бригада за извидување чија база е во Баварија, Германија, навела руската компанија која објавија и фотографија од леталото на својот веб сајт.

Агенцијата Франс прес јавува дека ова соопштение подоцна компанијата го повлекла од интернет страницата.

Претходно од Пентагон информираа дека американскиот носач на авиони “Џорџ В. Буш“ во Средоземното море ќе остане неколку денови подолго од планираното како поддршка на американските сојузници во Европа кои се загрижени поради кризата во Украина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.