Русите заземаа уште две ракетни бази на Крим

Руските официјални лица постјано демантираат дека на Крим се наоѓаат руски војници, а на интернет можат да  се видат видео-снимки од војници кои не се обележани. На една снимка, еден од војниците признал дека е од Русија. Руските медиуми, за наводното пристигнување на руските војници на Крим, не известуваат.

Германското министерство за надворешни работи ги повика нивните граѓани да не патуваат на Крим, ниту во источните делови на Украина и да избегнуваат собир на луѓе и демонстрации, се наведува во соопштението на тоа министерство.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави дека во консултациите со САД и Украина, се сложил дека Русија мора да ги сноси последиците доколку не се повлече.

Руските сили презеле делумна контрола на две бази на Крим и ја блокирале зградата во која се наоѓаат ракетите, изјавиле украинските официјални лица за Франс прес.