Русјаков: Вечерва ќе се слуша гласот на народот

Македонската координативна мрежа Сите за унитарна Македонија – СУМ,  заедно со Ристо Мијаковски и Александар Русјаков и повеќе здруженија и граѓани, вечерва ќе организира перформанс околу фонтаната „Воин на коњ“.

Настанот е замислен е како мултиперсонален, мултимедијален перформанс: ,,Наместо да рушиме споменици, да создаваме услови за младите“ и ќе се одвива во континуитет.

Почитувани сограѓани, браќа и сестри ве покануваме на нашиот заеднички и отворен перформанс-“ Наместо да рушиме да создаваме услови за младите“. Перформансот ќе трае во континуитет. Осмислен е така да вие, ние Македонците по род, определба и државјансто го изразиме својот став, гледиште и револт кон ненародната власт. На отворениот хепенинг кај споменикот на Александар ќе можете да го чуете, почуствувате и споделите расположението на македонскиот народ. Но и да го кажете вашиот став во врска со сите нелегални и нелегитимни дејствиа на оваа талибанска власт. Со вашето присуство ќе придонесете за зачувување на Александровото наследство, нашето достоинство и македонскиот идентитет воопшто.

Сите за Унитарна Македонија-СУМ, напиша Русјаков на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.