Руска амбасада: Излез од политичката криза во рамки на Уставот

амбасада

Сите обиди за мешање во овој процес однадвор, да се наметнат вакви или онакви решенија покрај волјата на народот на Македонија, посочува Амбасада,  се  многу опасни и мора да бидат офрлени од страна на Светската заедница.

Принципите на суверената еднаквост на државите, а немешање во  внатрешните работи на други земји се од универзален карактер и нивното непочитување претставува грубо кршење на меѓународното право, оценуваат од Руската амбасада во Македонија, од каде нагласуваат дека Руската Федерација континуирано ја поддржува безбедноста и стабилноста на  Република Македонија како независна, суверена и територијално интегрална држава.

Посочуваат дека ги сметаат за контрапродуктивни, како што наведуваат, шпекулациите на одделни политичари кои бараат причини на внатрешно политичката краза во Македонија во ривалитет меѓу големите сили.

Таквите констатации се слични со неодговорните тврдења на извесните милитантни политичари кои пред извесно време РМ ја ставија „на линија на огнот меѓу Вашингтон и Москва“, велат од Руската амбасада.

Додаваат дека одлучно ги осудуваат обидите на надворешни сили, како што велат, да го злоупотребуваат факторот на комплицираните меѓуетнички односи за сопствени конуктурни цели. – Таквите ризични дејствија не само што не придонесуваат за изнаоѓање решение за посточеките политички разлики, туку се многу опасни за државава, и им нанесуваат голема штета на темелните интереси на РМ, а и на интересите и на соработката и на стабилноста во регионот, оценуваат од Руската амбасада во Македонија.

За ситуацијата во Македонија, на 2 февруари реагираше и руското МНР. Москва, како што беше наведено во соопштението, констатира сериозно продлабочување на политичката криза во Македонија и силно надворешно влијание.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.