ВИДЕО: Руска инвазија на Крим, Обама предупредува на последиците

Украинскиот в.д. претседател Олександар Турчинов ја обвини Русија за распоредување воени трупи во Крим и за обид да се провоцира Киев на „оружен конфликт“. Во телевизиско обраќање, тој вели дека Москва сака новата привремена влада да реагира на провокациите за да може да го анектира Крим. Амбасадорот на Русија во Обединетите Нации тврди дека руските војници се на Крим во согласност со постоечки договор со Украина. Претседателот на САД, Барак Обама предупреди за „последиците“ од било каква интервенција на Русите во Украина. Во изјава од Белата куќа тој вели: „Било каква повреда на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина ќе биде длабоко дестрабилизирачка, што не во интерес на Украина, Русија или Европа“.