Руска маст од три состојки: За десет дена ќе заборавите на болеста

Како да ја подготвите чудотворната руска маст

Состојки:

Се што ви е потребно е едно јајце, 400 мл растително масло (на пример масло од кантарион) и парче пчелин восок (околу 60 грама).

Подготовка:

Сварете го јајцето и извадете ја жолчката, а белката нема да ви треба. Изгмечете ја жолчката на чинија, а во емајлирано тенџере ставете го маслото. Додадете го и восокот, па сето тоа ставете го на тивок оган и почекајте восокот да се стопи. Кога ќе слушнете „пукање“ земете ја жолчката и со прстите ставајте по малку масло со восок, трошка по трошка. Маслото ќе почне да се пени, па бидете подготвени брзо да го тргнете од оган.

Кога маслото ќе се смири, повторно вратете го на оган. Продолжувајте да ја додавате жолчката до крај и постојано мешајте со лажица. Смесата ќе ја промени бојата во темно кафеава. Тргнете ја смесата од оган и оставете да отстои 15 до 20 минути. Процедете низ газа или низ цедалка со ситно сито. Остатоците (трошките) од жолчката фрлете ги.

Кога маста ќе се излади, ставете ја во стаклена тегла и затворете со капак. Маста чувајте ја во фрижидер, најдолго до 10 месеци.

Доколку се одлучите маста да ја користите како облога, потребно е да ја подгреете на водена пареа (на отприлика 40 степени).

Напомена:

Восокот мора да биде природен, пчелин. За надворешна употреба може да се користи било кое растително масло. За внатрешна најдобро е да користите маслиново масло.

Примена на чудотворната маст…